По 5 години на расправии, пазарења и лажни сигнали, Флојд Мејведер и Мани Пакијао, конечно застанаа еден спроти и се гледаа очи в очи. Двајцата боксери излегоа на официјал прес-конференција, со што почна одбројувањето на долгоочекуваниот натпревар на 2 мај во Лас Вегас, според многумина, оквалификуван како меч на векот.
Пакијао се појави во темен костум, а на сцената излезе со звуците на “Thunderstruck” на AC / DC, додека Мејведер носеше костум во светли тонови во придружба на вечниот хит на Queen – “We Will Rock You”.
„Ова е натпревар кој светот нема да го пропушти. Работам напорно во теретана во границите на моите сили, бидејќи никогаш досега не сум сакал толку силно да освојам одреден меч, како овој“,- рече Мејведер.
Оваа средба се очекува да биде најдоходовна во историјата на боксот.
„Ова го чекавте 5 години. Ќе го дадам најдоброто од себе, за да ги задоволам очекувањата на публиката“,- рече Пакијао.
Флојд Мејведер е носител на шампионските појаси на две федерации во пет категории – Светската боксерска асоцијација и Светскиот боксерски совет. На професионалниот ринг Мејведер има 47 средби и 47 победи, од кои 28 со нокаут. Мани Пакијао е светски шампион на Светската боксерска организација во полусредна категорија. Пакијао има на професионалниот ринг има 57 победи, од кои 38 со нокаут, 5 порази и 2 нерешени средби.
https://youtu.be/ORqumnKVcY4