Мејведер го прослави 41.роденден со тридневна забава, потроши 3 милиона долари на подароци за себе (ВИДЕО)

Славниот боксер и поранешниот светски шампион Флојд Мејдетер Јуниор во сабота, 24 февруари, го прослави својот 41 роденден. Тоа го направи на свој начин – со организирајќи тридневна забава на кој наводно потроши мало богатство.

Во неколку видео интервјуа за познатиот портал ТМЗ, Мејведер се пофали со подароците кој самиот си ги приуштил за роденденот. Откри дека окрулиот 40-ти роденден потрошил дури еден милион долари, а сега се чини дека одлучил да се почести со уште поскапи подароци.

Во разговорот за ТМЗ многу вешто ги избегнуваше прашањата во врска со ММА мечот против Конор Мек Грегор, но веќе во следната реченица се пофали со новиот Ролекс од 100.000 американски долари. Не пропушти да нагласи дека сепак претпочитал Хублот, кој е еден од неговите спонзори.

Во второто видео ги покажува своите нови автомобили, меѓу кои е и црвеното бугати за кое се истресе околу 1,3 милиони долари. Сепак, најголем интерес на американските медиуми предизвика наводно уникатниот дијамантски прстен кој го платил дури 9 милиони долари. Но, не е познато дали прстенот е дел од „роденденската прослава“.

Новинарот на ТМЗ не се откажуваше, па до самиот крај на интервјуто се обидуваше да дознае што треба да се случи за да го прифати мечот против Конор Мек Грегор во октагонот во УФЦ. Славниот боксер одговорил кратко дека Дана Вајт треба да се појави „со вреќа полна пари“, но веднаш се префрлил на нова демонстрација на своето богатство.

На камерите и покажа купчиња на пари кои ги држи седиштето на неговиот ролс ројс на кој потрошил 600.000 долари. Детално демонстрираше купчињата не се лажни,  односно дека се состојат од пари од 100 долари.

https://youtu.be/J0O1mu9Fuyw

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON