Мејведер фрли 100.000 долари на стриптизерки (ВИДЕО)

Непоразениот боксерски шампион Флојд Мејведер, кој неодамна замина во пензија, е познат како машина за пари, па после секоја борба гордо позираше со милионите долари што ги заработуваше во кариерата, а многу често се фалеше како се расфрла со „зелените банкноти“.

И Американецот отиде на стриптиз, а таму потроши ни помалку, ни повеќе – 100.000 долари. Се расфрлаше боксерот со пари, како да се бомбони, а банкноти летаа на сите страни, додека стриптизерките танцуваа на шипката.

Видеото си го објави, а од стриптиз барот во Лас Вегас му порачаа – повторно да им дојде. Всушност секој би посакал таков гостин, кој не жали пари и се расфрла со нив.

https://www.youtube.com/watch?time_continue=21&v=qVPINbdMMfI&feature=emb_logo
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON