Флојд Мејведер сериозно си ја сфатил работата за мечот со Конор Мек Грегорг, па веројатно нема да му бидат слтаки парите откако ќе го погледнете ова видео.
Гледајте видеото во забавена верзија, за да не пропуштите ниту еден од жестоките удари.
Мејведер има 40 години, но се уште е страшилиште во салата кој го демолира својот противник. Видете како влегува во битка со спаринг партнерот кој можеби е два пати поголем од него и како Флојд ги чеиличи ребрата на противникот.
„Може да заработам сино око, крвава нос, можам да имам лош ден во салата, но на крајот на денот нема да добијам лош чек и лоша ноќ под светлината на рефлекторите“, изјави Мејведер за ТМЗ.
Мек Грегор исто така, направи видео со својот спаринг партнер, кое, сепак, не ги остави навивачите со подзината уста. Не е важно, бидејќи шампионот на УФЦ во лесна категорија ќе се врати во октагонот до крајот на годината.
Под претпоставка дека Мејведер нема многу да го повреди.