Мејвдер: Јас си го завршив својот дел, сега ги чекам Конор и УФЦ

Флојд Мејведер е подготвен да боксира со Конор Мек Грегор и „веќе го завршил својот дел“ за решавањето на сличен дуел. Сега останатото зависи од Ноториус и УФЦ.

Тоа го изјави Мејведер за Би Би Си.

Во последно време се засилија гласините за евентуален меч меѓу нив двајцата, а според Флојд Мејведер, тој има направено се што е потребно за да биде прифатена таква средба.

„Не можам да кажам дали средбата ќе се случи. Сега се зависи од УФЦ“, се довери Мани Меј.

„Јас го завршив мојот дел, сега само чекам. Ако тие навистина го сакаат овој меч, ајде да видиме“.

Зборовите на Флојд доаѓаат за нешто помалку од 24 часа, откако тренерот на Ирецот, Џон Каванаг, рече дека следниот дуел на Мек Грегор може да биде токму против Мејведер.

„Изгледа така, овој меч се наѕира. Не знам, но изгледа се поверојатно. И двајцата го сакаат, а прават потези во оваа насока. Но нема да ве лажам- немам одговор, дали ќе се случи. Но, ако го сакате моето мислење, да – верувам дека ќе случи“, изјави Каванаг.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON