Владимир Путин, човекот кој ја започна агресијата врз Украина, не е веќе почесен претседател на Меѓународната џудо Федерација. Се разбира дека рускиот претседател има многу поважни работи во моментов, но сепак треба да знае дека не е веќе предводник на џудистите. Еноставно тој е суспендиран.
„Во светлината на воениот конфликт во Укрина, Меѓународната џудо федерација објавува суспензија на статусот на Владимир Путин како почесен претседател и амбасадор на нашата федерација“ се вели во дел од соопштението.