Враќањето на Мајк Тајсон може да привлече и стари познаници.
Неговиот поранешен заколнат непријател, Ивандер Холифилд, се чини дека ќе му биде соодветниот противник.
Тајсон (54) и Холифилд (58) се во преговори за трет меч.
На враќањето, Тајсон се соочи со Рој Џонс, кој собра 1,6 милиони платени гледања и 80 милиони долари за организаторите. „Риал дил“ соопшти дека евентуална средба со Тајсон може да го собори тој рекорд.
„Мислам дека ќе има многу пари и многу милиони. Околу 100 милиони долари. Мечот ќе биде голем, затоа што многу луѓе сакаат да го гледаат”, рече Холифилд.
„Ние сме врвние боксери кои сакаат да ги видат. Нема причина да се борам со никој друг освен со Тајсон.
Сите зборуваат за Тајсон и за мене. Знаете дека тоа е она што сака светот да го види“.
На прашањето дали средбата ќе се одржи во 2021 година, Холифилд одговори:
„Би рекол да. Мислам дека сме близу. Мислам дека тоа е нешто што двајцата сакаме да го направиме. Мислам дека може да се случи”.
Поранешниот шампион Заб Јуда е многу посигурен од Холифилд во врска со трилогијата. Тој очигледно знае нешто што Холифилд не го знае.
„Добојот е договорен. Мајк Тајсон против Ивандер Холифилд – трет дел, одлично”, рече Јуда. „Сè во врска со оваа борба ме интересира. Која друга боксерска борба би сакале да ја гледате? Договорите се веќе потпишани и се со печат. Мајк тренира секој ден. Ивандер тренира секој ден. Ќе биде голема борба по трет пат. како што знам, ќе се одржи во Дубаи“.