Мечот Поветкин-Стиворн се сочува со проблеми

povetkin-stivorn

Поради проблеми може да пропадне мечот меѓу Александар Поветкин (Русија) и Бирмејн Стиворн (Канада).

Дербито во тешка категорија е закажана за 17 декември во Русија. Средбата е за одредување на официјалниот кандидат за титулата на Светскиот боксерски совет. Шампионот на организацијата, Дионтеј Вајлдер, во моментов се опоравува од повредата.
Промоторот на Кличко – Андреј Рјабински кој победи на тендерот за средбата со износ од 3,16 милиони долари, се пожали на неговиот колега Дон Кинг, кој го претставува Канаѓанецот.
„Штотуку ги почнавме преговорите, но сфатив дека ќе биде тешко. Се надевам дека ќе дојде до договор и сè ќе биде во ред. Знаете дека меѓу мене и Дон Кинг има голема историја. Верувам дека тој и Бирмејн сакаат да го земат надоместокот од мечот“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON