Британскиот „Дејли Меил“ ги собра најважните бројки околу натпреварот на векот.
Парите
300 милиони долари. – Толку приходи се очекува дека ќе поделат Мејведер и Пакијао, содносот е 60 спрема 40 отсто.
321,43 долари – толку потроши личниот готвач на Мејведер за слатки и чипс минатата недела.
2 долари – толку добивал Пакијао на натпревар како дете во Филипини.
250 000 долари – раперот Диди и актерот Марк Валберг склучија договор за четвртина милион кој ќе победи на натпреварот.
600 милиони долари. – Со толку пари ќе има Мејведер по мечот со Пакијао.
150 долари – толку треба да платат љубителите на боксот кои сакаат да ја следат борбата на видебим пред МГМ Гранд Арена.
99,95 долари – е цената што секој во САД треба да ја плати за да го гледа мечот на платените канали ХБО или Шоутајм.
74 милиони долари. – Очекуваната добивка од билети за салата, кои одат по цена од 1.500 до 10.000 долари.
10 долари – цената на билет за официјалното мерење. Приходите од овој настан одат во добротворни цели.
5.6 милиони долари. – Толку платија од пивото Tecate за да го спонзорираат натпреварот.
10.000 долари – парите што ќе ги добие судијата Кени Бејлис , за да биде судија на борбата на векот.
Боксерите
47 – се последователни победи на Мејведер како професионалец.
55,3 % – процентот победи со нокаут на Мејведер, последната таква е во 2011година.
62 – натпреварите на Пакијао на професионалниот ринг.
66,6% – процентот на победи со нокаут на Филипинецот.
39 – просечниот број на удари кои Мејведер задава во една рунда.
66 – просечниот број на удари на Пакијао за една рунда.
74 – комбинираната возраст на двајцата (Мејведер е 38, Пакијао – 36).
5,8 милиони. – Толку се следбениците на Мејведер на Твитер. Пакијао има 1,8 милиони.
497 – километрите кои Пакијао ги мина со автобус од Лос Анџелес до Лас Вегас за средбата.
Борбата
36 – минути, толку ќе трае чистата борба, ако нема нокаут.
5 – бројот на години, во кои двете земји се обидуваа да го договорат овој меч.
147 фунти (67 кг) – категоријата во која ќе се борат двајцата боксери.
3 милиони. – Очекуваниот број на гледачи , кои ќе платат за да го гледаат натпреварот на телевизија. Рекордот до моментов е 2,4 милиони.
Билетите
60 – за толку секунди беа продадени сите 500 билетот пуштени во слободна продажба.
351.005,25 долари – цената за билет во оглас преку интернет продажбата.
Салата
16.500 – капацитетот за гледачи во МГМ Гранд.
9.000 – вработените кои работат во МГМ Гранд, се паѓаат, речиси, по двајца вработени на тројца гости.
18.000 – бројот на барања за акредитации од медиумите – само 1.500 се одобрени.
100.000 – толку луѓе се очекува да влезат во МГМ Гранд во петокот и саботата.
7.000 – бројот на собите и становите во.