Во сабота ќе се одржи на боксерскиот турнир „Меч на шампионите“ во органзиација на БК Аперкат од Скопје.
Сите клубови од Македонија се поканети да учествуваат на првиот турнир во есенската сезона, а се очекува најголемо внимание да предизвикаат борбите во сениорска конкуренција на Гоце Јанески – Дејан Пенев и Јасин Мифтар, а ќе се сретнат со претстваниците на БК Пинк Пантер од Штип. На рингот во Скопје ќе се појави и државниот првак Марко Стојаноски од БК Универзалци, како и Филип Стефановски кој минатиот викенд настапи на ММА турнирот во Велес.
На Мечот на шампионите ќе има 13 борби во конкуренција на деца, кадети, јуниори и сениори. Ќе се доделат награди за најдобар боксер, најдобар техничар, најборбен пар, најдобар тренер, судија итн. За прв пат со двајца боксери ќе се појави и новопримениот клуб во Федерацијата „Јордан Мијалков“.
На турнирот се поканети македонските освојувачи на медали од Олимписките игри и европските првенства, Реџеп Реџеповски, Аце Русевски, Вели Мумин, како и претставници на МОК и АМС.
Турнирот ќе се одржи во слата „Македонски бранители“ на Факултетот за физичка култура со почеток во 18 часот.
Ipon.mk/В.Д.