Мечот Холифилд-Тајсон тежи 200 милиони долари

Легендата на светскиот бокс, Мајк Тајсон се врати во рингот на крајот на минатата година и тоа по пауза од 15 години, но сега се чини дека тоа нема да бид енеговиот единствен меч по враќањето од пензија. Сега и неговиот голем ривал во минатиот век, Ивандер Холифилд сака да има борба со „Железниот Мајк“.

58-годишната легенда во боксот двапати го победи Тајсон во текот на 90-тите години на минатиот век, а нивниот меч од 1997 година остана запаметен кога Тајсон му откина парче од увото. Холифилд сега бара трет натпревар против Тајсон и верува дека борбата ќе донесе заработка од над 200 милиони долари.

„Мојот тим разговара со тимот на Мајк. Чекам одлука, сè е во фаза на преговори. Тренирам редовно бидејќи знам дека еден ден ќе се постигне договор. Подготвен сум за тоа“, изјавил Холифилд.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON