Матеуш Гамрот договори меч против Ден Хукер на настанот УФЦ 305 во Перт

Се чини дека настанот УФЦ 305 кој ќе се одржи во Перт на 17 август доби уште една атрактивна борба.

Имено, на социјалните мрежи се појави информација дека Матеуш Гамрот и Ден Хукер треба да се соочат на ревијата на боречки вештини во Австралија.

Полјакот Матеуш моментално има три победи во низа, откако ги победи Јалин Тарнер, Рафаел Физиев и во март Рафаел дос Анчос.

Гамрот покажа одлична форма, а се надева дека наскоро ќе добие шанса да се бори за титулата во лесна категорија, но прво треба да го помине опасниот Хукер.

Новозеландскиот борец извојува две победи по поразите од Ислам Махачев и Арнолд Ален.

Во ноември 2022 година го победи Клаудио Пуелес, а во последниот меч пред една година Јалин Тарнер.

Настанот во Перт ќе го предводи борбата за титулата во средна категорија меѓу шампионот Дрикус ду Плесис и Израел Адесања, а на програмата се и натпреварите меѓу Каи Кара-Франција – Стив Ерцег, Таи Туиваса – Жаирзињо Розенструик…

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON