Матеј Ивановски го оставри најдобриот пласман на еден на натпреварувач од Македонија на светските првенства во кедно.
Ивановски на Светското првенство во кендо кое се одржува во Милано, Италија, влезе во 32-та најдобри кендо натпреварувачи, нешто што досега не му успеало на никого од Македонија.
„Во индивидуалниот дел Матеј Ивановски беше најуспешен од нашите борци со тоа што излезе прв од неговата група со победите над Мокану од Романија, Чина од Португалија и Лопез Ромеро од Шпанија, со што влезе во елиминации. Со победата од 2-0 над Хернандез од Колумбија влезе во кругот од 32-та најдобри, каде што загуби тесно од Нибу Џонс од Австралија.
Стигнувањето до оваа фаза на еден натпреварувач на најголемиот шампионат е огромен успех за нашиот тим и репрезентација“, вечат од таборот на нашата репрезентација!
Медалисти на СП се од Јапонија, односно четворица натпреварувачи, со што повторно ја докажаа нивната доминација во кендото.
Во екипниот дел нашиот тим ја победи селекцијата на Венецуела 4-1, со Хрватска пресметката заврши 2-2, а Германија не порази со 3-1, поради што не успеавме да ги поминеме групите.