Само еден ден откако беше објавено дека Бразилецот Гилберт Барнс е позитивен на коронавирус и остана без борба за титулата во велтер категорија, се појави можност како замена да влета Хорхе Масвидал.
УФЦ 251 приредбата треба да се одржи на 11 јули на островот Јас во Абу Даби, а главна борба требаше да биде таа помеѓу шампионот во велтер категорија Камару Усман и предизвикувачот Гилберт Барнс. Но, Бразилецот е позитивен на коронавирус и тој е тргнат од списокот, а спасот може да биде во најатрактивниот борец од 2019 година, Жорге Масвидал.
Според медиумите во САД, Масвидал му се понудил на претседателот на УФЦ, Дејна Вајт, да влезе во последен момент како замена и да го замени Бурнс во борбата за титулата. Тој исто така открил дека направил тест на коронавирус и неговиот резултат е негативен.
Од друга страна шампионот Камару Усман напиша таинствен твит во кој порача дека „време е свињите да заквичат“ што за медиумите претставува провокација кон Масвидал со кого имаше неколку вербални пресметки.
Освен дуелот за титулата во велтер категорија, на УФЦ 251 треба да има уште две борбиза титулата, Македонецот со австралиски пасош Александар Волкановски во реваншот ќе ја брани титулата во перолесна категорија против Макс Холовеј, додека во бантам категорија за испразнетиот шампионски појас ќе се борат Русинот Перт Јан и Бразилецот Жозе Алдо.
https://www.instagram.com/p/CCPTHPhJ4I1/?utm_source=ig_embed
https://www.instagram.com/p/CCPZUJoJxcn/?utm_source=ig_embed