Една недела откако стана јасно дека Џо Бајден победи на изборите во САД, илјадници луѓе излегоа на улиците на Вашингтон за да ја изразат својата поддршка за Доналд Трамп. Тие протестираат против резултатите и ги поддржуваат непоткрепените тврдења на претседателот дека имало изборни нерегуларности. Трамп не го призна поразот и поднесе низа тужби против изборни повреди.
Борецот во полусредна категорија на УФЦ, Хорхе Масвидал беше еден од ММА борците кои силно го поддржуваа Трамп и учествуваа во неговите кампањи. На социјалните мрежи се појави видео во кое еден човек беше брутално нокаутиран за време на протестите, а Масвидал не беше задоволен од тоа што го виде. Тој се закани дека ќе излезе на улиците за да ја дели правдата.
„Се обложувам дека ќе соберам неколку соборци и ќе почнеме да присуствуваме на овие работи. Не го велам ова за поттикнување насилство, туку за одржување ред. Сите сме заедно во ова“, напиша Масвидал.
https://www.youtube.com/watch?time_continue=2&v=jUdO_Yil6FU&feature=emb_logo