Мастер се врати на таековндо сцената со 4 медали од „Корча опен“

Таеквондо клубот „Мастер“ од Охрид се врати со 4 медали – 1 златен, 2 сребрени и 1 бронзен на Меѓународниотр турнир „Корча опен 2022“ во Корча, Албанија, каде што учествуваа над 150 натпреварувачи од 11 клубови од кои 3 клубови од Македонија.

Освојувачи на медали се:
-Михаил Јоноски 1 место (злато) борби, 2 место (сребро) форми
-Анастасија Трифуноска 2 место (сребро) форми
-Михаил Трајкоски 3 место (бронза) форми

„Ова е повторен рестарт на првиот теаквондо ИТФ клуб во Македонија, а на овај натпревар докажавме дека се уште можеме да вадиме врвни натпреварувачи“, изјави трнерот Саша Поповски, кој го донесе овој спорт во Македонија , а воедно е и почесен претседател на Таеквондо ИТФ во Македонија.

Инаку Саша Поповски еносител на црн појас В дан.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON