Настанот на УФЦ 304 во Манчестер остана во сенка на масовната тепачка во публиката. Ова се случи откако Белал Мухамед ја освои титулата во полусредна категорија со победата над Леон Едвардс.
Едвардс, кој беше прогласен за подобар борец во стој, загуби од силните боречки вештини на Мухамед. Тројцата судии едногласно му ја доделија победата на палестинскиот борец. По големата победа, Мухамед дотури дополнителна сол на раните предизвикувајќи ја домашната публика.
„Сите плачете во моментов. Оваа борба не е ништо. Ова е за моето семејство, мојот народ во Палестина кој води вистинска војна“, рече Белал.
Додека Мухамед сѐ уште зборуваше внатре во кафезот, надвор настана хаос. Сликите покажуваат како гледачите се напаѓаат едни со други користејќи столови како оружје. Еден од учесниците се здобил со повреда на главата, а друг бил соборен на земја. За среќа, обезбедувањето успеа брзо да ја контролира ситуацијата.
Сепак, суровиот инцидент фрли голема сенка врз настанот.
Fight erupts after Belal Muhammad is named the NEW UFC welterweight Champion! #ufc #ufc304 @ufc pic.twitter.com/1ifpEYXZo0
— Nina-Marie Daniele (@ninamdrama) July 28, 2024