Масовна тепачка со 50-тина лица се случи пред бар во Сиднеј, Австралија, има и повредени. 17-годишно момче е однесено во болница поради скршеница во очната шуплина.
Улична тепачка,се тврди, дека е резултат на спор меѓу навивачите за мечот меѓу Конор Мек Грегор и Нејт Дијаз, кој се одржа овој викенд, како главен настан на УФЦ 196.
Спорот настанал во пабот на хотелот „Риц“, кој јавно ескалирал и довел до масовна грозна улична тепачка.