Масовна тепачка на боксерски турнир – летаа столици, повредени се и болничарите (ВИДЕО)

На големиот боксерски турнир во Брно настана хаос кога изби масовна тепачка меѓу гледачите по главниот меч.
Гневните фанови си фрлаа со столчиња, додека модераторот и победникот се обидуваа да ги смират, но безуспешно, а ситуацијата дополнително ескалираше.

„Што е ова?! Што по ѓаволите правиш?! Јас победив! Овде има мали деца, дали си нормален?“ вели машки глас на снимката.

Се тргнало на лошо и пред болницата, каде учесниците во конфликтот ги нападнаа и болничарите додека им помагаа на повредените.

Полицијата брзо реагираше и ја растера толпата, но истрагата за инцидентот се уште трае.

„Група гледачи беа незадоволни од исходот на натпреварот и го покажаа на многу непримерен начин. Обезбедувањето ги изведе надвор и повика полиција. Кога стигнавме, тие веќе беа избркани и побегнаа“, изјави Дејвид Калупка, портпарол на полицијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО