Македонските екипи во борби, мажи и жени, на Европското карате првенство за сениори во Гвадалахара, Шпанија, без посебен успех, машкиот тим имаше две победи, а женскиот една.
Машката екипа за малку фалеше да се бори во репасажот, но Шпанците загубија во полуфиналето од Србија, така што нашите надежи паднаа во вода.
Утре Емил Павлов (-60 кг) во борби и Пуликсенија Јованоска во кати ќе се борат за бронзен медал на ЕП. Натпреварите се од 9:30 до 11:30 часот.
Резултати екипно борби
Жени (Радичевска, Заборска, Наташа и Моника Стефановски)
Македонија – Белорусија 2-0
Македонија – Босна и Херцеговина 1-8
Мажи (Арсовски, Исмаил, Доан Османи, Весели, Спасеновски)
Македонија – Израел 2-0
Македонија – Данска 3-1
Македонија – Шпанија 1-3
Ipon.mk