Македонскиот ката тим мажи во првиот зицер за медал на Светското првенство за кадедти, јуниори и У-21 во Тенерифе, Шпанија, загуби од Шпанија.
Георги Бановски, Јован Васиќ и Христијан Димитриевски не успеаја да го крунисаат дебитанскиот настап на светските првенства со медал, тие го освоија петото и досега е најдобар плсаман на нашите каратисти на Светскиот шампионат.
Претпладнево нашиот тим во првото коло беше празен од Турција со 0-5, но поради тоа што оваа репрезентација се пласира во финалето и го повлече нашиот тим во репасажот каде што беше совладана селкцијата на САД со 3-2.
Женскиот ката тим е совладан 1-4 од Србија без можност за настап во репасажот.
Симона Симовска (+59 кг, јуниори) исто така е поразена во првата борба во репасажот од Луција Лесјак (Хрватска) со 0-4. Така отпадна можноста да се бори за медал во оваа категорија.
Кадетско-јуниорски ката тимови
18 ката тимови
Македонија (Миа Маневска, Владанка Аврамова, Ивона Мустаровска) – Србија 1-4
21 ката тим
Македонија (Георги Банковски, Јован Васиќ, Христијан Димитриевски) – Турција 0-5
Репасаж
Македонија – САД 3-2
За бронза
Македонија – Шпанија – победа на Шпанија
Ipon.mk/В.Д.