Машината за победи Гамзатов се враќа во октагонот

Непоразен на професионалната сцена во ММА – Шамил Гамзатов ќе се бори против Михал Олексејчук на УФЦ 267, што ќе се одржи на 30 октомври на „Борбениот остров“ Јас во Абу Даби, Обединетите Арапски Емирати. Мечот е во полутешка категорија.

Дагестанецот Шамил Гамзатов сè уште нема пораз во ММА. Тој има биланс од 14 победи од 14 средби. 10 од неговите досегашни судири завршија со прекин (5 победи со нокаут и 5 соо принуда). 30-годишниот борец дебитираше за УФЦ во 2019 година победувајќи го Клидсон Абреу со поделена одлука на УФЦ Фајт ноќ 163. Тоа е неговиот последен меч во октагонот.

Михал Олексејчук има скор од 15 победи и 4 порази во ММА. 26-годишниот Полјак 11 борби ги заврши (10 со нокаут и 1 со принуда). 26-годишниот борец е поранешен шампион на полската Тандерстрајк фајт лигата – ТФЛ. Во 2017 година, на само 22 години, потпиша со УФЦ. Во дебито за најпознатиот ММА синџир во светот Олексејчук го нокаутираше на почетокот на првата рунда Џијан Виланте на УФЦ Фајт најт 145. Потоа следеше нокаут над Гаџимурад Антигулов за само 44 секунди. Сепак, на крајот на септември 2019 година, Овинс Сент Про ја запре победничката серија на Полјакот, победувајќи го во втората рунда. Уште еден пораз во октагонот од Џи Крут го однесе Олексејчук во серија од два последователни порази. Сепак, на крајот на март полскиот борец се врати, победувајќи го Модестас Букаускас со поделена одлука.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON