На 16-от карате кампот „Охрид интернационал“-2015 во Охрид од 27 јули до 1 август и од 1-6 август ексклузивен семинар ќе има тренерот на јапонската репрезентација, Масао Кагава, во хотелот „Орце Николов“. Посебно ги подготвува кумите репрезентативците, а неговиот ката тим во 2012 година на Светското првенство во Франција го освои златниот медал, а минатата година на шампионатот во Бремен, Германија, се врати на врвот на светското карет по бројот на освоени медали.
На семинарот ќе се работат техники, кати и натпреварувачки кати,како и кумите техники и ВКФ кумите.
Кагава е поранешен светски првак и во кати и во кумите. Карате познавачите го сметаат за еден од најкомплетните тренери во спортското карате (ВКФ), кој активно е вклучен карате спортот да биде сел од Олимписките игри 2020 година во Токио.
Кагава е шихан на Јапонската карате шото федерација.
Организатор на кампот во Охрид е Македонската карате шото организација и мајсторот Живко Дракуловски. Ова е ретка можност да се виде еден голем мајстор на оваа вештина.
ipon.mk/В.Д.