Марвин Ветори и Роман Долиѕе се договорија за борба во март на настанот на УФЦ во Лондон

Настанот УФЦ 286 во Лондон, кој ќе се одржи на 18 март, ја доби првата борба. Имено, договорена е пресметка во средна категорија меѓу поранешниот предизвикувач Марвин Ветори и Роман Долиѕе.

Ветори има два порази во последните три настапи. Италијанецот загуби од Роберт Витакер со едногласна одлука на почетокот на септември.

Пред тоа има пораз од Израел Адесања во меч за титулата и победа над Пауло Коста.

А Грузиецот е во УФЦ повеќе од две години, а на седум меча има шест победи.

Во последната борба пред две недели го победи Џек Хермансон со прекин во втората рунда.

По тој триумф побара меч со противник од Топ 10, а промоцијата му излезе во пресрет.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON