Марцел Церцеа надмоќен против Борче Ангелов на Европското првенство

Борче Ангелов (-73 кг) е вториот наш џудист што настапи на Европското првенство за млади сениори У-23 во Гиор, Унгарија. Ангелов загуби со ипон од Романецот Марцел Церцеа.  

Вчера Берна Шерифовска (-57 кг) беше поразена исто така со ипон се сретна од Кристина Шилова од Русија.

Марцел Церцеа го освои бронзениот медал, а шампион стана Акил Ѓакова од Косово кој во финалето го победи Руфат Мамадов од Азербејџан со ипон. Вториот бронзен медал му припадна на Леонардо Казагалија од Италија.

Ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON