Мартина Шахинова ја доби стипендијата за млад спортист на Општина Кочани

Седумнаесетгодишната каратистка Мартина Шахинова, членка на Карате клубот „Партизан“ од Кочани и репрезентативка, ја доби стипендијата за спортист – спортска надеж што ја доделува Општина Кочани за спортски резултати постигнати во претходната година.

Пријавата на Шахинова беше единствена на конкурсот што го распиша локалната самоуправа, од каде истакнуваат дека причина за недоволниот одѕив е влијанието на здравствената криза која предизвика застој во редовните спортски активности и натпреварувања.

„Во периодот пред почетокот на пандемијата во 2020 година, Шахинова учествуваше на Европското првенство во Будимпешта, освои второ место на меѓународен натпревар во Србија, го доби Националното спортско признание – спортска надеж, беше прогласена за трета јуниорка во карате преку Карате федерацијата на Македонија, а лани беше избрана и за спортист на Кочани“, стои во образложението на Комисијата за доделување на стипендијата.

Во период од шест месеци, Шахинова ќе биде стипендирана со месечен износ од три илјади денари што се обезбедени од буџетот на локалната самоуправа. Општинската стипендија за спортист – спортска надеж има за цел да ги поттикнува младите од Кочани да спортуваат и да остваруваат значајни спортски резултати.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON