Каратистот Мартин Стојменов стана рекордер во изборот за најуспешен спорист на Кочани, откако вечерва беше избран за најдобар спортист за 2016 година, како член на КК Партизан.
Стојменов го освои петото место на Европското пренство во Лимасол, Кипар, за кадети, јуниори и јуниори до 21 година, а на сениорското Блаканско првенство во Истанбул, исто така беше петти.
На втората позиција, според изборот на новинарите е Роберто Здравскоски од КК Партизан, кој на Балканијадата во Белград, беше второпласиран во својата конкуренција. На третата позција на најуспешните спортисти за 2016-та се најде гимнастичарката Јана Николова.
Лазар Балдазаров доби посебно признание за придонес во развојот на фудбалско Кочани. Слично такво признание добива и Ѓорги Тодосиев во гимнастиката како спорт. Планинарите Тошо Антов, Борис Поп Ѓорѓиев и Лоранс Марков се личности што на највпечатлив начин ја одбележаа спортската 2016-та на Кочани.
Најуспешен спортски колектив во 2016-та е КК Партизан од Кочани, а тренерот од истиот клуб, Оливер Коцев, е најтренер во годината што измина.
Десет надежни спортисти на Кочани ќе добијат признанија, а меѓу нив најуспешен е каратистот Ѓорги Петров, потоа следат: Ѓорги Петров (КК Партизан), Антонио Јаноѓевиќ (КГС Кочани), Љубомир Давитков (КК Кочани), Кристијан Грозданов (КК Партизан), Ристе Симеонов (КГС Кочани), Дино Лазаров (Баскет Дино), Ивана Таушанова (КК Партизан), Грегори Давков (ФК Фудбал Старс), Мартина Шахинова (КК Партизан) и Ангел Митев (КК Партизан).
Ipon.mk/В.Д.