Конгоанскиот тешкаш Мартин Баколе (21-1, 16 КО) ја продолжи победничката серија и со убедлив настап на боксерскиот настан во Лос Анџелес, го совлада Американецот Џаред Андерсон со прекин во петтата рунда.
По фантастичниот меч Баколе се надева дека ќе го следат големи борби, па се споменуваат Усик, Фјури, Жанг и Паркер, но во медиумите често се споменува едно име – Мајкл Хантер.
Единствениот пораз на Мартин во кариерата беше против Хантер, но Конгоанецот истакнува дека Мајкл не е подготвен за реванш.
Заинтересиран ли е Баколе да му се реваншира на Американецот?
„Не сега. Тоа не е меч што го барам во моментов, но ако се случи, подготвен сум да се борам со Мајкл Хантер. Но, тој не е подготвен“, рече Мартин Баколе и додаде:
„Кога би рекле сега: ‘Ајде да се бориме’, тој би одговорил: ‘Не, не сум подготвен’. Но, тој секогаш е храбар на социјалните мрежи“.