Боксерскиот настан кој ќе се одржи во Лос Анџелес на 3 август ќе биде еден од најдобрите што се одржале во Америка, барем така тврди промоторот Еди Херн.
Нема сомнеж дека програмата на настанот е навистина одлична, а неа ќе ја предводи пресметката меѓу Теренс Крафорд и Израел Мадримов, кој го брани шампионскиот појас на ВБА во супер велтер категорија.
Фановите кои ќе присуствуваат на настанот ќе можат да уживаат и во изведбите на Исак „Питбул“ Круз, Енди Руиз, Дејвид Морел и Енди Круз.
Но, една од повозбудливите борби ќе биде пресметката во тешка категорија меѓу големата надеж на Америка Џаред Андерсон и конгоанскиот гигант Мартин Баколе.
Тоа е вистински тест за Риал биг бејби, нова можност за Баколе повторно да го најде своето место на врвот во категоријата.
„Сто проценти ќе го нокаутирам Џаред Андерсон“, изјави Мартин Баколе.
Андерсон е фаворит на овој меч, но еден удар може да промени се, што е вообичаен пример во тешка категорија.
Многумина веруваат дека 24-годишниот Андерсон (17-0, 15 КО) е идниот владетел во тешка категорија. Дуелот против Баколе (20-1, 15 КО) за него е само еден чекор до тронот, но Конгоанецот не мисли така.
„Сто проценти ви гарантирам дека тоа ќе се случи, имав добри подготовки и работев напорно. Тоа е она што треба да го направам. Морам да го нокаутирам, и така ќе биде, верувајте“, рече Мартин Баколе и продолжи:
„Ќе притискам напред, и ќе направам се за да го запрам и победам“.