Мартин Баколе го прозва Џошуа: Престани да зборуваш глупости, сакам да се борам со тебе

Мартин Баколе е секако еден од попотценетите тешкаши во денешно време. Брилијантниот Конгоанец со нокаут во петтата рунда ја победи американската млада надеж Џеред Андерсон на минатогодишниот настан во август во Лос Анџелес.

А Баколе се уште чека шанса да се докаже во голема борба, но засега тоа нема да се случи, бидејќи следен противник треба да му биде Ефе Ајагба во елиминациски меч за предизвикувачот на ИБФ.

Деновиве конгоанскиот борец го прозва Ентони Џошуа откако поранешниот двократен шампион го поддржа Ајагба. Нигериецот во кариерата забележа 20 победи (14 нокаути), а има и еден пораз.

„Еј, Ентони Џошуа, би сакал да те нокаутирам. Престани да зборуваш глупости за тоа како ќе победи Ајагба. Колку пати сум те поканил на меч и ајде да се бориме во Африка? Засрами се“, рече Мартин Баколе и додаде:

„Сакам да се борам со тебе, сакам да те нокаутирам. Двапати му го скршив носот на Дубоа, а тој ладнокрвно те нокаутира. Не успеа во првата рунда. Ајагба е бебе, ќе видиш како ќе го нокаутирам. Биди таму. Јас сум африкански џин и воин. Откако ќе го нокаутирам Ајагба, ќе те завршам и тебе“.

Минатиот април, во неговата единствена борба во 2024 година, Ефе Ајагба го победи со поделена одлука Гвидо Вијанела. Тоа беше негова петта победа во низа.

.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО