За десет дена Мартин Баколе го чека најтешкиот испит во кариерата. На 3 август тешкашот од Конго ќе боксираа против големата американска надеж Џаред Андерсон на настан во Лос Анџелес.
Баколе во последните недели често се појавуваше во медиумите, па во едно неодамнешно интервју даде прогноза за мечот кој ќе се одржи на 21 септември меѓу Даниел Дубоа и Ентони Џошуа.
„Џошуа е премногу добар за Дубоа. Тој е многу поискусен, има техника и големо срце“, изјави Мартин Баколе и додаде:
„А Даниел не е толку храбар. Кога ќе почне да ги прима силните удари на Еј Џеј, брзо ќе се откаже.
Британските боксери се борат за шампионскиот појас на ИБФ во тешка категорија на Вембли.
Мартин Баколе не ја крие желбата еден ден повторно да се соочи со Џошуа или Дубоа во рингот, бидејќи истакнува дека и двајцата ги победил во поранешните спаринг натпревари.