Еден од најдобрите натпреварувачи во бразилскo xиу xицу, Маркус Алмеида – Бучеча, во моментов е во Абу Даби, каде ќе се натпреварува во WPJJC 2015. Бразилецот го освои златото во апсолутна категорија на турнирот во 2013 и 2014 и сега ќе ја брани титулата по трет пат.
Бучеча е во Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) заедно со Лукас Леите, Луиз Панза, Филипе Помаски и Лео Виеира. Во следното интервју Бучеча истакна како се чувствува на тренинзите со „Американската кикбоксинг академија“ и дека најверојатно ќе направи деби во ММА, но не се брза да го направи тоа.
Во неколку претходни интервјуа Бучеча изјави дека недостатокот на финансиски средства во џиу џицу ги отвора вратите на многу спортисти да се преселат во ММА.
„Големите БЏЏ федерации не нудат големи наградни фондови. А на нас, професионалните спортисти, такви ни се потребни“.