Марко Трајановски и Вања Гавриловски се пласираа во финалето на МФЦ 21 (Montenegro Fighting Championship) во Бар, Црна Гора.
По доминантната победа на Марко Трајановски против претставникот на Австрија, Франческо Батистата, тој ќе се соочи со домашниот борец Алекса Зујовиќ во категорија до 88.4 кг.
Вања Гавриловски ќе влезе во октагонот против Урош Вучиниќ, исто така од Црна Гора, во категорија до 70.3 кг.
Финалните борби ќе се одржат вечерва, а ќе се пренесуваат во живо на Adriatic Sport Live TV, со почеток од 19:00 часот.