Марко Мартињак во Португалија ја освои светската титула на ВКФ во фул контакт.
Мартињак во втората од предвидените 12 рунди го нокаутираше домашниот борец Педро Кореа, и го освои појасот во категоријата до 88,2 килограми.
Борбата ја прифати шест дена пред одржувањето, заменувајќи го Лука Брковиќ.
„Победата е тука, направена со нокаут во втората рунда во која противникот доби уадр во областа на црниот дроб и не може да продолжи .. Претходно два пати паѓаше во првата рунда .. искрено се надевам дека некој ќе ги препознае овој труд, оваа жртва и титулата .. .“, напиша на Фејсбук по победата.