Kаратистите на Олимпик спорт од Скопје имаа забележителен успех на Меѓународниот турнир „Никон опен 2015“ во Софија-Бугарија, освојувајќи пет златни и еден бронзен медал во борби.
Златни медали освоија: Марко Костов, Столе Смилковски, Емилија Јаниќ, Факиќ Весели и Магдалена Божиновска, а Марија Милева бронзен медал.
Костов до златниот медал дојде совладувајќи ги натпреварувачите од Турција и Бугарија со 8-0 и 5-2. Исто така и Столе Смилковски се бореше против ривали од овие земји и ги победи со идентичен резултат 4-0.
Емилија Јаниќ до златниот медал стигна прво совалдувајќи ги нашите Ева Блажевска од Макпетрол и Ана Савиќ од Тигар,а во финалето славеше против каратистка од Бугарија со 4-0. Весели победи тројца Бугари: прво со 5-4, а во финалето со 8-2. И Божиноска беше подобра од три натпреварувачки од Бугарија: прва борба 3-0, втора борба 3-0 и во финале 1-1, но победи со судиско изгласување.
Марија Милева го освои третото место.
Ова може да се смета за максимален успех, бидејќи клубот за Софија отпатува со седум натпреварувачи.
ipon.mk/В.Д.