Марко Андонов денес се бореше за 3 место на силниот Меѓународен турнир „Скхирели куп“ во Гори, Грузија, при што загуби од репрезентативецот на Ерменија. Андонов го освои солидното 5 место во категорија до 74 килограми.
На турнирот настапуваа борачи: Казахстан, Ерменија, Азербејџан, Украина, САД, Македонија и Грузија.