Марк Хунт избувна по критиките на интернет

mark-hunt-mma-winЕве една насока за сите фанови на ММА, кои сакаат да му дадат совет на кандидатот за титулата во тешката категроија во УФЦ.

Немојте.

Покрај успешната кариера во ММА и кик боксот, очигледно некои фанови на „Супер Самоан“ одлучиле да му дадат насоки за дуелот против Фабрицио Вердум на УФЦ 180 на 15 ноември.

Сепак, тоа не му се допадна на Хунт, затоа ја пушти следнава слика, придружена со малку текст.

slikata na hunt„Еве тоаго имаат во гардеробате сите кои се обидуваат да ми даваат совет на мојата фанстраница. Давање совет на човек кој се бори 24 години во два различни боречки спорта на високо ниво, а вие самите немате никакви достигнувања во кој и да е борбен спорт. Не ми давајте никакви совети, скапани к.рви“.

Хунт дојде како замена на повредениот Каин Веласкез. Тој ќе се бори за привремената титула во тешката категорија против Вердум, но времето не е на негова страна. Остануваат две недели, а тој треба да се навикне на надморската височина и да симне неколку килограми.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON