Марк Хант: УФЦ ми принуди да се борам со Оверем

Ветеранот Марк Хант повторно влегува во октагонот против Алистер Оверем на УФЦ 209.

Ова ќе биде прв дуел за Супер Самоанецот откако ја загуби средбата со Брок Леснар на УФЦ 200. Исходот на средбата беше поништен поради позитивен допинг примерок на Леснар, а Хант поднесе тужба против УФЦ и Дана Вајт.

Говорејќи за УФЦ 209, Марк Хант изјави дека е „бил принуден“ да се бори на УФЦ 209.

„Бев принуден да бидам тука. Ми рекоа – „ако го откажеш овој меч, тоа е спротивно на договорот“. Зошто треба моето семејство да страда? Тие заслужуваат да имаат поубави работи во животот, додека мене ме претепуваат тука. Не сум направил ништо лошо. Зошто да бидам аутсајдер во овој случај? Другиот тип е оној кој беше фатен во измама. Сите кои мамат треба да се ставаат на пиедестал, и ќе велат „овој тип е измамник и не би требало да е тука“.

„Не сакав да бидам во оваа позиција, но не ми оставија избор. Што очекуваат да направам? Да се ​​вратам на работа и да се борам со други луѓе, наострени до коска. Како би се чувствувале да одите на работа и да губите? Бидејќи ако губиш, значи губиш. Немаш корист од тоа. Тука би требало да се борам со најдобрите борци во светот, а не со најдобарите измамници. Или, пак, најдобрите кои умеат да се кријат од докторите“, додаде Хант.

Иронијата е во тоа што следниот противник на Марк Хант, Алистер Оверем, исто така во минатото употребаше на забранети препарати. Холанѓанецот ќе се обиде да се врати на победничкиот пат, откако во последниот дуел беше нокаутира од шампионот Стипе Миочиќ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON