Миленикот на многумина Марк Хант -„Супер Самоан“ потпиша договор со УФЦ за шест средби.
Според 42-годишниот ветеран зделката е во милиони, но парите не возбудуваат толку – имал нешто поголемо ум.
„Не е за парите. Се разбира, убаво е да ме плаќаат за она што го правам, но мојата цел е титулата. Дана ми даде знак и преговоравме. Се уште ја заслужувам титулата и верувам дека по шест средби ќе имам уште поголема шанса да дојдам до неа. Сакам да се повлечам како шампион на УФЦ“.
По неодамнешната победа над Френк Мир беше најавено дека Мир не го поминал допинг тестот – нешто што го принуди Хант да се сврти кон сите гладијатори кои користат стероиди.
„Сакам реванш со сите оние кои се обидуваат да лажат. Целата работа со стероидите почнува да ме иритира, сакам кога се бориме, да биде фер за сите“.