Марк Хант го нокаутира противникот и објави крај на боречката кариера (ВИДЕО)

Легендата на ММА Марк Хант ја заврши кариерата во боречките спортови.

48-годишната ѕвезда од Нов Зеланд ја водеше последната борба во Сиднеј, Австралија. Хант го нокаутира Сони Бил Вилијамс во нивниот боксерски меч. Марк ја забележа првата победа во боксерската кариера која вклучува 2 порази и нерешен резултат.

Хант забележа 30 победи и 13 порази во кик боксот. Имаше долга кариера во ММА која траеше скоро 15 години. Марк во кафезот забележа 13 победи, 14 порази, 1 реми и 1 НЦ. Неговата последна ММА борба беше во 2018 година во УФЦ.

Потоа со одлука загуби од Вилис, по што беше ослободен од организацијата. Марк е поранешен предизвикувач за привремената титула на УФЦ во тешка категорија. Тој се бореше со Фабрицио Вердум кон крајот на 2014 година и загуби со нокаут.

Хант е и поранешен предизвикувач за титулата на Прајд. Тој се бореше со Федор Емелијаненко за појасот во 2006 година и загуби со завршница.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON