Полскиот боксер во тешка категорија, Мариуш Вах, смета дека Александар Поветкин (Русија) ќе има поголема шанса да го победи Владимир Кличко (Укрина) на вториот меч меѓу нив. Првата средба заврши со убедлива победа на Украинецот. По поразот, Русинот се врати на впечатлив начин. Тој нокаутира три сериозни имиња и повторно ја истакна најавата за напад на светските титули. Следното искушение е токму против Вах. Борбата е на 4 ноември.
„Сега, Поветкин има поголема шанса. Го промени стилот. Во целост, изгледа подобро. Но, јас сметам дека Поветкин нема да има шанса повторно да се бори со Кличко, бидејќи ќе го победам на 4 ноември“.