Поранешниот кандидат за светската титула во тешка категорија, Полјакот Мариуш Вах, повторно падна на допинг тестот, кој му беше направен по мечот со Александар Поветкин. Ова го соопшти Андреј Рјабински – потпретседател на Руската професионална боксерска федерација.
„Да, навистина, Вах даде позитивен допинг примерок. Сепак, мечот ќе биде поништен. Вах ќе биде санкциониран. Победата на Поветкин се почитува – па за него овој позитивен допинг резултат нема да промени ништо. Разбира, ние би постапиле на друг начин, ако победникот од натпреварот беше неуспешен на допинг тестот, но Алексанадар го поминува успешно“.
Ве потсетуваме дека Вах падна на допинг тестот и по натпреварот со Владимир Кличко. Тогаш Полјакот беше казнет една година.