Мариуш Пуџијановски е потежок од Мамед Халидов за 24 килограми

Најголемата борба во историјата на КСВ сега е официјална.

Мамед Халидов и Мариуш Пуџијановски конечно ќе ја имаат супер борба. По бруталниот нокаут на Михал Матерла, Пуџијановски (17-7, 1 НЦ) ќе се пресмета со легендата на КСВ, Халидов (35-8-2) кој е поранешен шампион во полусредна и средна категорија.

45-годишниот поранешен моќник се закова на 117,48 килограми на вагата. Мариуш во борбата влегува со серија од 5 последователни победи. Во меѓувреме, 42-годишниот Халидов доаѓа по поразот од Роберто Солдиќ и има 1-4 во последните 5 борби.

Халидов се закова на 93,44 килограми и со тоа беше за 24 килограми полесен од Пуџијановски. Покрај главната борба ќе има и две борби за титулата. Себастијан Пржибиш ќе ја заложи титула во бантам категорија против Јакуб Виклац, додека шампионот во полутешка категорија Ибрахим Чузигаев ќе се соочи со Иван Ерслан.

Четворимината без проблем ги постигнаа потребните тежини.

Мамед Калидов (206/ 93,44 кг.) – Мариуш Пуџијановски (259/117,48 кг.)
Себастијан Пжибиш (135) – Јакуб Виклач (135)
Ибрагим Чужигаев (205) – Иван Ерслан (205)
Даниел Рутковски (146) – Лом-Али Ескиев (146)
Анджеј Гжебик (174) – Ото Јасе (175)
Патрик Качмарчик (146) – Паскал Хицен (145)
Богдан Гнидко (206) – Мадалин Пирвулеску (204)
Михал Домин (146) – Патрик Ликус (144)
Јан Лиас (156) – Адријан Гралак (155)
Шамад Ерзанукаев (136) – Карл Мекнали (136)
Викторија Чижевска (134) – Олександра Карасова (134)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON