Марио Тошески и Давид Везенкоски положија за кафеави појаси во Шведска (ФОТО)

Марио Тошески и Давид Везенкоски од ЏК Сеишин во Шведска положија за кафеав појас 1 кју пред стручна комисија од Шведска.

Да потсетиме дека еден месец Тошески учествуваше во тренажниот процес на ЏК Норкопинг-Норкопинг од  Шведска, каде што тренира и Давид Везенкоски, односно живее и се школува.

„Полагањето на нашите членови (Везенкоски и Тошески) е завршено успешно и тоа со највисока оценка од страна на комисијата за полагање. Имено, истите на испитот прикажаа вкупно 62 техники со фрлања, 4 техники со лостови и 4 техники со загушувања. Џудо клубот Сеишин е задоволен од остварената соработка со клубот од Шведска и веќе од наредната недела го очекува својот член Тошески, за да пренесе дел од искуствата стекнати таму“, вели тренерот Дејан Мицкоски.

Ipon.mk

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON