Марио Свинарски и кумите тимот се во финалето на БП, а Лирим Емини го освои бронзениот медал

mario-svinarski

Марио Свинарски и кумите тимот – кадетки се во финалето на Балканското карате првенство во Сараево за кадети, јуниори и јуниори до 21 година, додека Лирим Емини го освои бронзениот медал во борби.

Марио Свинарски (-52 кг) во кадетска конкуренција стигна во финалето на Балканското првенството и се бори со Страхиња Радојчин од Србија, а Лирим Емини го освои бронзениот медал во оваа категорија совладувајќи го 3-0 во борбата за медалот  Павле Дујаковиќ од Босна и Херцеговина.

Свинарски ги совлада Фарук Бајрак (Турција) 3-2, Денислав Стојанов (Бугарија) 6-0, Дарко Спасковски (Србија) 2-0, а ви полуфиналето против Хрватот Дарко Јурчевиќ извојува убедлива победа од 7-1.

Емини во првото коло славеше со 5-0 против Бакир Омеровиќ (БиХ), но во второто беше поразен од финалистот радојчин со 3-2. Во репасажот беше сигурен и извојува три победи: Флорентин Лупса (Романија) 3-0, Петар Орешковиќ (Хрватска) 1-1 на изјаснување и 3-0 во борбата за медалот со Дујаковиќ (Босна и Херцеговина).

Кумите тимот – кадетки (Цветковска, Милева, Морина, Петровска) е во финалето и за златниот медал ќе се бори со хрватската репрезентација. До финалето ги совладаа репрезентациите на Бугарија и Србија со 2-0.

Денеска евентуално може да очеуваме уште двајца натпреварувачи да се вклучат во борабата за медали, според  досегашните настапи.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON