Бразликата Марина Родригез ја победи бразилско-американската воинка Мекензи Дерн со едногласна одлука на судиите на УФЦ Фајт најт 194 што се одржа во Лас Вегас.
Тоа беше трета борба за Марина оваа година и нејзина трета победа по ред, додека Мекензи загуби откако славеше во последните четири натпревари.
Во борбата за титулата Ренди Браун го совлада Џаред Гуден со едногласна одлука на судиите, а на ист начин Матеус Николау стигна до триумф во дуелот против Тим Елиот.
Марија Агапова ја совлада Сабина Мазо со задушување во третата рунда, додека Крис Гутиерез со пделена судиска одлука беше подобра од Фелипе Коларес.
Резултати од УФЦ Фајт најт, главна програма:
Марина Родригез – Мекензи Дерн – едногласна одлука (49-46, 49-46, 49-46)
Ренди Браун – Џаред Гуден-едногласна одлука (30-27, 30-27, 30-27)
Матеус Николау – Тим Елиот – едногласна одлука (29-28, 29-28, 29-28)
Марија Агапова – Сабина Мазо – завршница (задушување од позади), Р3 (0:53)
Крис Гутиерез – Фелипе Коларес – поделена одлука (28-29, 30-27, 30-27)
Воведна програма:
Александар Романов – Жаред Вандераа – ТКО (удари), Р2 (4:43)
Дејмон Џексон – Чарлс Роза – едногласна одлука (29-28, 29-27, 30-27)
Лупита Годинез – Силвана Гомез Хуарез – завршница (лост), Р1 (4:14)
Стив Гарсија – Чарли Онтиверос – ТКО (удари), Р2 (1:51)