Маријана и Мишела Димоски добија нова стипендија за 2019 година за елитни спортисти за интернационални натпревари од Инситутот за спорт на Австралија.
Деновиве сестрите Димоски од Институтот за спорт, како елитни спортисти, беа поканети на Изборот на спортист за 2018-та. Во Австралија бираат само еден спортист од олимписките спортови и мажи и жени. Изборот е направен во присуство на министерот за спорт. За најдобар спортист e избран едриличар.
Тренерот и татко на Маријана и Мишела, Златко Димоски, вели дека конкуренцијата е вистинска елита, носители на медали од светски првенства во 2018 година и на Игрите на Комонвелтот, како пливачи, едриличари, атлетилари, кануисти, веслачи…
„Поканети се само елитни спортисти кои можат да носат со себе по еден гостин, тие ја носеа Киријана Камческа (таа е дел од ката тимот со кого освојува медали и која од неодамна се пресели во Австалија, за да работат како екипа до врвни остварувања – н.з.). Се надевам дека на следното Светско првенство во Дубаи, како тим ќе се борат за медал. Во Мадрид тимовите на Србија, Русија и Турција се бореа за бронза. Турција освои бронза. Овој исти тим на Турција три пати победувавме, исто и тимовите на Русија и Србија кои се бореа за бронза во Мадрид ги добивавме неколку пати (последен пат на Балканското во Истанбул 2018), кога Мишела и Маријана се вратија во Македонија да настапат со Киријана и освоија злато со победи над Србија и Турција. Но не настапија на Европско сениорско како тим, каде што во поединечна конкуренција требаше да настапи Маријана, исто така и на ЕП во Сочи за У-21“, вели Димоски.
Ipon.mk