Марија Димовска освои златен медал Светското првенство во кик бокс што се одржува во Будимпешта, Унгарија,
Димовска во дисциплината лоу кик за млади јуниори во финалето славеше против Израелката Мија Лијамичев с 2-1.
Ова е најголем успех на битолчанката која во изминатиов период покажа дека е талентирана и дека сили за големи успеси.
За првите впечатоци и борбите во полуфиналети финалето таа за Ипон.мк вели:
„Полуфиналето ми беше против Босанката Јелена Стојановиќ, која претходно два пати ја имав победено и веќе знаев како работи во борба. Бев сигурна дека ќе се пласирам во финале, Јелена беше многу подобрена и не беше лесна борба, ама успеав.
Финалето беше против противничка од Израел која беше многу храбра и до последната секунда се трудеше да победи, но моето и искуството на тренерите ми овозможи паметно и доминантно да победам во оваа борба“.
Марија се осврна и на тимот кој имаше клучна улога во освојувањето на златото.
„Мојот татко и тренер Александар Димовски, главниот тренер Драган Атанасовски, селекторот Дејан Митровски-Урко и цел тим на Македонската кик бокс и маи таи федерација беа со мене до крајот. Нивната подршка ми даде многу сила да се изборам до последната секунда за да победам.
Ми беше одземен еден поен за вртење со грб, но не ми беше проблем, само од 3-0 го смена резултатот во 2-1. Сепак, успеав да станам светски шампион – тоа беше мојот долгогодишен сон“, вели Марија Димовска.