Марија Димовска викенодв ги потврди своите кавлитети на Европскиот кик бокс куп во Пловдив во Буграија со освојувањето на првото место во лоу кик за постари јуниори до 60 килограми. Таа минатата година стана светски првак.
Сепак, за да стигне до финалето требаше да ја помине актуелната светска шампионка во К-1 до 56 килограми Ареша Снижана од Израел.
View this post on Instagram
„Познато е дека во таја дисциплина бирците се посилни и користат повеќе клинч, бидејки е дозволен во одредена мера“, вели нејзиниот тренер Александар Димовски и додава:
„Меѓутоа, Марија е исклучително силна и физички подготвена, во комбинација со техниката која ја поседува, бевме убедени дека ќе ја разбиеме на ваков начин“.
Димовски се осврна и на целите за оваа година, имајќи го предвид ланскиот успех.
„Целта е да се оди на сите европски и светски купови кои носат бодови за ранг-листата и на сите одиме на победа. Крајна цел е Европското првенство за млади кое ќе се одржи во Португалија кон крајот на август и почетокот на септември. Секако, покрај Марија, тука се и неколку останати натпреварувачи кои многу напреднаа и се подготвени за посериозни предизвици, а тоа се: Дарко Нумановиќ, Петар Лозановски, Маригона Зенуни, Димитар Стефановски и други“, вели тренерот на КБК Енерџи од Битола.