Марија Димовска и Лука Змејкоски ќе се борат за златен медал на Светското првенство во кик бокс

Марија Димовска и Лука Змејкоски ќе се борат за златен медал на Светското првенство во кик бокс за кадети и јуниори во Будимпешта, Унгарија, откако извојуваа победи во полуфиналните борби.

Димовска славеше против Јелена Стојановиќ од Босна и Херцеговина со 3-0, а Змејкоски беше подобар од Владислав Лендел од Украина и го победи со 3-0.

Така, Макодонија обезбеди три медали откако вчера Силвио Мировски се пласира во полуфиналето и обезбеди најмалку бронза.

Селекторот Дејан Митровски вели дека Марија и Лука имале целосна доминација во сите три рунди.

На СП учествуваат 2256 спортисти со над 3092 натпреварувачки влезови од целиот свет, односно 68 држави.

Резултати Светско првенство за кадети и јуниори:

Лоу кик
млади јуниори
-60 кг
Марија Димовска – Јелена Стојановиќ (Босна и Херцеговина) 3-0 ½ финале
Финале
Марија Димовска –Мија Лијамичев (Израел)

+81 кг
Лука Змејкоски – Владислав Лендел (Украина) 3-0 ½ финале
Финале
Лука Змејкоски – Мухамед Дупљак (Србија)

постари јуниори
-71 кг
Силвио Мировски – Челик Мемет Тана (Турција) 3-0 ТКО Р3 ¼ финале
Силвио Мировски – Атанас Димов (Бугарија)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON